
Околу 300 луѓе се евакуирани рано утрината по инцидентот со воз што превезувал хемиски материи во близина на белгискиот град Ган.
Како што пренесуваат медиумите од Белгија, меѓу местата Шелебеле и Ветерен неколку вагони излетале од шините по што избил пламен, што предизвикало и неколку експлозии. Компанијата „Инфрабел“ задолжена за белгиската железничка мрежа информирала дека во инцидентот нема повредени. Возот, инаку, сообраќал на релација од Холандија до пристаништето во Ган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


