Српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Шванштајгер вчера склучија граѓански брак во Венеција, а денешниот ден го резервираа за венчавка во црква и прослава со пријателите и роднините.
Славната двојка беше фотографирана пред и по завршувањето на црковната церемонија во атрактивниот италијански град.
Невестата изгледаше како модерна принцеза во бел елегантен фустан со класична силуета и корсет со богата текстура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.