| четврток, 6 декември 2018 |

Бура направи хаос на аеродромот во Минск – се судрија два авиона (ФОТО)

Два авиона на белоруската компанија „Белавиа“ се судрија на аеродромот во Минск поради силната бура. Официјалните лица потврдија дека дошло до инцидент.

После снежната бура оштетени се неколку авиони. Се претпоставува дека двата авиона кои се судрија немало ни патници ни екипаж.

– Постојат проблеми на аеродромот поради бура. Неколку летала се оштетени, вклучувајчќи ги и нашите. Нема повредени, ниту мртви во инцидентот – соопшти портпаролот на компанијата „Белавиа“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top