| четврток, 6 декември 2018 |

Француските разузнавачки служби го идентификувале нарачателот на нападите во Париз

Француските разузнавачки служби го идентификувале нарачителот на терористичките напади од 13 ноември во Париз, без притоа да го откријат идентитетот на нарачителот.

Абделхамид Абауд, кој се сметаше за „наредбодавач“ очигледно бил само „координаторот” на нападите.

Весникот „Паризиен“ откри дека шефот на француската разузнавачка служба ДГСЕ, Бернард Бажоле, ја информирал парламентарната комисија која ги истражува нападите од јануари и ноември 2015 година на 24 мај, за време на сослушувањето зад затворени врати, дека им е познат нарачителот на нападите во кои загинаа 130 лица и над 400 беа ранети.

– Ние го знаеме нарачителот, но ќе останам дискретен во врска со ова прашање, рекол Бернард Бажоле при сослушувањето, без да даде повеќе елементи за идентитетот на лицето.

Теренски дипломат – претходно стациониран во Ирак и Авганистан – потврдува дека неговите луѓе ја следеле листата на мрежата на Абделхамид Анаауд од јануари 2015 година, кога џихадистот се наоѓаше во Атина.

Човечки и технички средства, како и соработка со партнери се беше направено за да се открие џихадистот, но залудно. Всушност, овие мерки, како што видовме, за жал не успеаа да го спречат најлошото.

Запрашан за леснотијата со која терористите избегале од будност на неговите служби, шефот на ДГСЕ ја прифаќа одговорноста.

– Нападите како оние од 13 ноември го одбележаа неуспех на надворешното разузунување, признава Бернард Бажоле.

– Тие беа планирани надвор од нашите граници и организирани во Белгија, односно во надлежноста на делувањето на ДГСЕ. Тие, исто така, веројатно го претставуваат и неуспехот на внатрешнто разузнување до степен до кој тие се случија на нашата почва, рекол Бажоле пред парламентарната комисија на 24 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top