
Наскоро заминувате во пензија. Истеравте два мандата како прв човек на Управата за заштита на културното наследство. Задоволен ли сте од тоа што го постигнавте?
– Многумина може да кажуваат поинаку, но јас сум многу задоволен бидејќи имав големи можности и околности што ги овозможи државата. Завршивме многу големи работи во рамките на археолошките истражувања и во заштитата на некои од објектите во Македонија. Kако натаму ќе се одвива, ќе видиме. Се надевам уште подобро. Лично сум многу задоволен од тоа што е направено, без разлика кој како мисли. Резултатите се евидентни и може да се види каде отишле парите. Во праисториската наколна населба во Охрид може да се измери секој колец, куќа, па да се пресмета дека едвај стигнале вложените пари. Се гледа дека се работи на Плаошник, на скопското Kале, на сите 24 археолошки локалитети. Истовремено се збогатени сите музејски институции и со опрема и со материјали, значајни и за археолошката наука, за нашето културното наследство и нема од што да се грижам дека ми било залудно моето директорување во Управата за заштита на културното наследство.
Сонувам да пронајдам архајски кратер, вели Паско Кузман во интервју за Дневник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!


