| четврток, 6 декември 2018 |

Тасоти по цели 37 години заминува од Милан, ќе му биде помошник на Шевченко

tasoti

Легендарниот фудбалер на Милан, Мауро Тасоти, по цели 37 години одлучи да го напушти „Сан Сиро“. Најпрво како играч, а потоа и со неколку други функции, Тасоти беше верен на „росонерите“ речиси четири децении. Беше асистент на поранешните стратези на „росонерите“, Карло Анчелоти и Масимилијано Алегри.

Тој исто така работеше како скаут за млади фудбалери кои го засилуваа гигантот од Милано, и навивачите на Милан се разочарани од ваквата одлука на раководството на клубот.

Според информациите од Италија, Мауро Тасоти тој ја прифатил понудата на Андриј Шевченко, кој треба да биде именуван за нов селектор на Украина и ќе влезе во неговиот стручен штаб. Исто така, Милан ја раскина соработката и со шефот на академијата, Андреа Малдера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top