Српската тенисерка Ана Ивановиќ и фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бастијан Швајнштајгер вчера го кажаа судбоносното “Да” во Венеција. По стапувањето во брак, денес парот ќе има голема прослава со сите гости, како финале на нивната дводневна венчавка.
Пред да ја започне романсата со српската тенисерка, Швајнштајгер бeше во врска со згодната Германка, моделот Сара Бранднер, со која живееше заедно во Минхен. Тие двајца се запознале 2007. година во Минхен, за потоа да се сретнат на одмор во Ибица каде и ја започнале нивната врска. Германскиот фудбалер во септември 2014. година ја започна врската со Ана Ивановиќ кога светските медиуми ја објавија нивната фотографија како шетаат во Њујорк држејќи се за рака.
Иако после тоа медиумите пишуваа дека фудбалерот и се вратил на поранешната девојка, фаталната тенисерка во потполност го освои Швајнштајгер. Германските медиуми во тоа време пишуваа дека нивното раскинување за моделот било многу болно и дека никако не можела да го преболи. За оние кои не ја паметат, еве како изгледа поранешната девојка на Швајни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.