Малата Елеонора Стојановска од кривопаланечкото село Луке во септември ќе наполни три години, а се уште не може самостојно да застане на нозе поради лошата здравствена состојба.
Родена е со тешка дијагноза, спина бифида поради што не може да ги движи нозете.
Три дена по раѓањето е оперирана за да почне да ги мрда нозете, а оттогаш минале многу физиотерапии, прегледи, испитувања. Специјалистите предлагаат операција на меките ткива, која чини околу 200.000 денари во приватна клиника.
– Потоа би следувале други операции на коските после седум годишна возраст . Сега со оваа операција лекарите не ни гарантираат дека стапалата ќе се исправат како што треба, туку за да може да застане на цело стапало за да ги развива мускулите , зашто ако е во ваква состојба не може мускулите да ги развива и не може да оди, изјави Тања Стојановска, мајка на Елеонора.
Физикалните терапии се покриени од Фондот за здравство до 3 годишна возраст, по што мајката плаќа за својот престој, а детето се лекува бесплатно. Родителите не се во можност да обезбедат средства за операцијата, поради што упатуваат апел за помош до хуманите граѓани.
Единствени финансиски примања на четиричленото семејство се 4000 денари кои ги добиваат како медицинска заштита за Елеонора, како лице со тешка инвалидност.
Храбрите родители немаат средства ниту можност да изнајдат соодветен медицински третман во странство. На потег се сите хумани граѓани, институции, стручни лица од медицината кои сакаат да помогнат советодавно, со еднократна помош, со иницијативи или донации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)