-Амбасадата на Франција во Анкара и конзулатот во истанбул ќе бидат затворени од денес во 13 часот по локално време (11 по средноевропско) неопределено време”, наведува амбасадата во соопштието, а пренесе агенцијата АФП.
Прославата на Денот на Падот на Бастиња, која требаше да се оджи во конзулатот во Истанбул, амбасадата во Анкара и мисијата во Измир се откажани бидејќи властите добиле информации од разузнавачите за „сериозна закана“.
Францускиот конзул во Истанбул, Миријел Доменаш на „Твитер“ напиша дека прославите се откажани „поради безбедносни причини“ како и дека Франција е во контакт со турските власти.
Во Турција значајно се засилени безбедносните мерки по бомбашкиот напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ на 28 јуни во кој загинаа 47 луѓе, а нападот се припишува на самонаречената Исламска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.