| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте: Еве како од стари прават „нови“ гуми (видео)

Како што секој одговорен возач знае гумите се потрошен материјал и мора да се сменат кога ќе дојде време за тоа, но одредени луѓе се подготвени да ги ризикуваат сопствените животи за да зажтедат пари.

На интернет се појави видео снимка од Финска на која можеме да видиме како од истрошена гума се создава „нова“ гума со длабоки шарки.

Овој „мајстор“ ги изрежа лентите на гумата и направи длабоки засеци создавајќи илузија за исправна гума, која на овој начин само дополнително ја ослабе и ја направи поподложна на пукање.

Иако во потписот на снумката се наведува дека оваа постапка, позната како „regrooving“ или „браздење на гумата“ е извршен исклучиво за лична употреба без намера за продажба.

Не можеме доволно да нагласиме колку оваа постапка е опасна, а во поголемиот број држави е илегална.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top