| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за мозокот на уапсените дилери во акцијата „Лотос“ (Видео)

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

untitled54h5458y785y7854y5548457y85445544y5545y54

Осомничени се 40-годишниот Б.Х. кој бил организатор на мрежата препродавачи на дрога, 27-годишниот С.А. 47-годишниот А.М и 54-годишниот Д.Б. кој ја препродавале дрогата на други. Оваа група на дилери на дрога, сите од Велес, работела на поширока територија на државата, па се очекува поголем број на постапки кои ќе се спроведуваат против осомничени лица и од страна на надлежните основни јавни обвинителства.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на судот му предложи определување на мерка Притвор за двајца од осомничените и тоа Б.Х и А.М. Предлогот беше прифатен од судот и со Решение на осомничените им е определен притвор во времетраење од 30 дена. Другите двајца осомничени веќе беа со изречена казна односно мерка и тоа лицето С.А. е на издржување на казна затвор за друго сторено кривично дело исто така поврзано со наркотични дроги. Осомничениот Д.Б. е во притвор произлезен од друг претходен предмет, по неговото неодамнешно лишување од слобода откако му беа пронајдени дваесетина килограми марихуана .

Истрагата продолжува во насока на разоткривање на случајот и прибирање на доказите во предметот.​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top