
Грците во Канада протестирале до еден локален весник за употребата на уставното име на Македонија и придавката „македонски“ во неговиот извештај за посетата на претседателот Ѓорѓе Иванов на Канада.
Претседателот на грчката организација во Канада АХЕПА Џорџ Василас испратил писмо до весникот „Нешнл Пост“ во кое протестира за употребата на Македонија и македонски во неговиот напис.
– Не сфаќаме како современите жители на античка Пајонија, кои зборуваат словенски – јазик воведен на Балканот околу еден милениум по смртта на Александар – можат да тврдат дека тој е нивни национален херој. Александар Велики бил целосно и неоспорно Грк. Неговиот пра-пра-прадедо, Александар Први, се натпреварувал на Олимписки игри на кои можеле да учествуваат само Грци, пишува Василас и наводите ги аргументира со „писмо испратено до американскиот претседател Барак Обама во 2009 година потпишано до 373 експерти по грчко-римска антика“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите
-
МИОА: Работевме во екстремно кратки рокови и ова беше единствен начин Македонија да биде домаќин на Дигиталниот самит
-
По поништување на конкурсот за класични композиции реакции: Алаѓозовски не смее да биде министер повеќе ниту еден ден!


