Фудбалерите на Вардар покажаа дека можат да се носат со хрватскиот шампион, Динамо Загреб, а тренерот Гоце Седлоски имаше забелешка на наивните грешки во одбраната во првиот дел од мечот што на крајот се покажаа како пресудни за поразот, но е и оптист за реваншот на „Максимир“:
– Честитки до Динамо Загреб за победата. Играчите го дадоа својот максимум. Имавме многу шанси, две стативи, греда, но не постигнавме доволно голови. Од друга страна, направивме наивни грешки во одбраната и примивме два гола кои не смееме да си ги дозволивме. Одиме во Загреб да одиграме храбро како вечерва, па се надеваме дека среќата ќе биде на наша страна во реваншот – изјави Гоце Седлоски по натпреварот против Динамо Загреб, кој „црвено-црните“ несреќно го загубија.
Тренерот на Динамо Загреб, Златко Крањчар, од друга страна, вели дека е задоволен од победата во Скопје во неговото деби на клупата на хрватскиот шампион:
– Го остваривме тоа за кое дојдовме. Сакавме да победиме. Имаше и Вардар шанси, но ние први дадовме два гола. Тоа ни даде одличен мотив за понатаму. Во вториот дел се играше отворено, Вардар имаше уште две стативи, постигна и гол, но сепак ние обезбедивме предност пред реваншот во Загреб. Ние сме свесни за нашиот квалитет и ќе бидеме доволно внимателни и во реваншот – изјави Крањчар на прес-конференцијата по натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вардар испиша историја со најновиот ранкинг на УЕФА
-
Поранешен фудбалер моли за помош: Беше дел од „златниот“ Вардар, а сега трпи за леб (видео)
-
Муслиу си поигра мајтап со Вардар: Ќе потпише со Приштина, па веднаш на позајмица во Шкендија
-
Јаневски: Мора добро да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната, целта е нов трофеј