| четврток, 6 декември 2018 |

Годишнина од смртта на Тито

Staatsbesuch von Tito in Belgien

Долгогодишниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и лидерот на југословенските комунисти Јосип Броз Тито, личноста која одбележа цел еден историски период на балканските простори умре на 4 мај пред 33 години во Клиничко-болничкиот центар во Љубљана.

Четири дена подоцна во Белград, на погребот на доживотниот југословенски претседател, дојдоа околу 700.000 луѓе, меѓу кои 209 државни и партиски делегации од 128 земји. Тоа е најпосетениот погреб на некој државник во 20-тиот век.

Последна почит на Тито, кој беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, тогаш му изразија 31 шеф на држава, 22 премиери, четири крала, шест принца и 11 претседатели на собранија.

Од светот поделен по линиите на Студената војна, дојдоа државници од двата блока.

Тито го предводеше народноослободителното движење кое ја ослободи Југославија во Втората светска војна во 1945 и од тогаш, сѐ до смртта, беше на чело на државата и Комунистичката партија.

Периодот на неговото владеење, и покрај критичкиот став кон начинот на кој ги решавал некои од внатрешнополитичките и економските прашања, за мнозинството граѓани на поранешна Југославија сѐ уште е симбол за подобар, посигурен и поуреден живот од подоцнежниот.

Со смртта на Тито почнаа дезинтеграциските процеси кои доведоа до распад на СФРЈ, со критики на неговото владеење и дистанцирање од неговите лик и дело.

Секоја година, на годишнината од смртта на Тито, во Куќата на свеќето во Белград во која е погребан, пристигнуваат неговото семејство, почитувачи, и симпатизери од сите краишта на поранешна Југославија.

Од 1980 година Куќата на цвеќето, како дел од Музејот на историјата на Југославија, ја посетиле на 17 милиони луѓе. Бројот на посетители во 1990-тите години значително се намалил, но во последните години повторно расте

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top