| четврток, 6 декември 2018 |

Загина и машиновозачот на едниот од возовите: Најмалку 23 жртви во железничката несреќа во Италија

Во сударот на два патнички воза во јужната италијанска област Пуља загинаа 23 лица, пренесе ТАСС.

Sudir-na-vozovi-2

Претходно властите информираа за најмалку 20 починати и над 50 ранети. Можно е бројот на загинати дополнително да се зголеми. Меѓу загинатите е и машиновозачот на еден од возовите.

Двата патнички воза се судрија претпладнево, околу 11 часот по локално време, меѓу населените места Корато и Андрија, во околината на административниот центар на областа Пуља, градот Бари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top