| четврток, 6 декември 2018 |

Дресовите на фудбалерите на Атлетик со презимиња на мајките, во чест на нивниот ден

Фудбалерите на Атлетик Билбао, на оригинален начин го одбележаа Денот на мајките, кој се слави денеска, па за време на дуелот со Селта, играа со дресови на кои беа напишани презимињата на нивните мајки. Така, Сусаета всушност беше Ласкураин, како што се презива неговата мајка, а Муниаин играше како Гони.

Публиката во Виго, каде Селта му беше домаќин на Атлетик беше збунета, гледајќи ги противниците со чудни презимиња, но подоцна беше разрешена енигмата. Во секој случај интересна е идеата на фудбалерите од Билбао.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top