Ова се нарекува статистичка грешка: економијата на Ирска се зголеми во 2015 година не со досега познатите 7,8 проценти, туку со цели 26.3 проценти! Ова станува јасно од ревидираните нови податоци на државната статистичка служба, претставени денес.
Според неа, промената во податоците за растот на бруто домашниот производ на земјата се должи на „целосни и ажурирани информации“.
Така наместо 7,8 проценти раст на БДП, статистиката предвиде 26.3 проценти и наместо 5,7 проценти раст на бруто националниот производ податоците предвидуваат 18.7 проценти.
Неверојатниот раст на економијата доаѓа од комбинација на дејството на еднократните фактори, како обемни нарачки во авионската индустрија, корпоративна реконструкција и релокација на компании во Ирска.
Според податоците, секој економски сектор во земјата расте, а најбрзо тоа се случува во градежништвото – со вртоглави 87 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.