| четврток, 6 декември 2018 |

Тереза Меј, која е дамата која ќе го наследи Камерон

И се извини на Меј дека е лош кандидат за премиер, бидејки не е мајка и, и го отвори патот до фотелјата на Камерон, вака Андреа Лидсом се откажа од трката за премиер и на британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј и даде можност да биде веројатен победник и следен премиер на Британија.

5648668185774cda6bbbb9324557126_v4_big

Меј е долгогодишен член на Конзервативците кој успешно ги имплементира конзервативните политики. Таа успева да го истера најдолгиот мандат на позицијата Министер за внатрешни работи во последните 60 години. Освен промените што ги прави во работата на полицијата таа е позната и по својот строг став кон имиграцијата и воведува едни од најкрутите имиграциски политики во последниов период.

Иако е позната конзервативка, Меј не беше дел од ултра-десничарската фракција на Конзервативната партија која ја предводеше кампањата за напуштање. Како и Камерон, Мај беше за останување но вети дека ќе го почитува гласот на граѓаните, порачувајќи “брегзит значи брегзит” и дека нема да се обиде да остане во ЕУ или “повторно да се приклучи преку задна врата.”

mej

Без разлика на противењето на брегзит, таа ја има поддршката од сите конзервативци, што гарантира галантно префрлање на власта. Освен Лeдсом, која одлучи да се повлече од трката, никој од лидерите на кампањата за брегзит, Џонсон или Гов, не и се спротивстави на Меј во нејзината кандидатура за премиер.

И покрај широката поддршка, Меј е озогласена дека е тешка за соработување и е позната како микроменаџер. Искуството е дека таа безмилосно се бори за своите ставови, и “необично за политичар, таа не изгледа како да и е гајле дали ја сакаат.” Уште една карактеристика што ја обележува е што таа бара непоколеблива лојалност.

Нејзиниот мандат како пратеничка е обележан со гласање за неверојатно конзервативни политики, додека истовремено им дава поддршка на некои либерални ставови како геј браковите. Таа гласа против законот за Човекови права, и гласа во корист на војната во Ирак. Меѓутоа гласа и во корист на геј браковите, и се залага за инклузивни економски политики, и надминување на “нездравиот и растечки јаз” меѓу “газдите” и “работниците”.

Меј има “изразито конзервативен тип на феминизам” и генерално се однесува на економските и работните прашања и проблеми на жените.

Сепак проценките на експертите говорат дека и покрај искуството, таа доаѓа на власт во многу тежок период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top