25-годишниот Мика Џонсон кој во Далас уби пет полицајци, рани уште седмина припадници на безбедносните сили и двајца цивили, напишал со сопствената крв тајна порака на ѕидот пред да биде разнесен од полицискиот робот.

Џонсон минатиот четврток во Далас уби петмина, а рани седум полицајци како и двајца цивили пред да биде убиен од американската полиција. Џонсон непосредно после крвавиот напад во Далас на полицајци – белци, беше разнесен со помош на полициски робот полн со експлозив.
Пред да биде убиен, тој со крв напишал на ѕидот „Р“ и „Б“, па сега полицијата интензивно работи на тоа да дознае какво значење имаат овие букви.
Да потсетиме, за време на протестите против полициската бруталност кон афроамериканците во Далас, Мика Џонсон вооружен со полуавтоматска пушка тргнал во напад на полицијата. Преговорите со Џонсон траеле два часа, по што полицајците донеле одлука да биде ликвидиран.
-Сакаше да преговара само со полицајци кои што се афроамериканци. Се исмејуваше и неколку пати праша колку полицајци убил досега. Лажеше и ни рече дека има поставено бомби“, изјави Дејвид Браун, првиот човек на полицијата во Далас.
После нападот на полицајците, Мика Џонсон се скрил зад ѕид и полицајците не можеле безбедно да му пријдат, па го убиле со помош на роботот.
Полицијата сега истражува што значат буквите кои што Џонсон ги напишал на ѕидот. Во меѓувреме е извршен претрес во неговата куќа каде што е пронајдена муниција и материјал за изработка на бомби. Полицијата верува дека Џонсон планирал да изведе повеќе напади, а наводно вежбали детонирање на експлозив.
Мика Хавиер Џонсон е воен ветеран кој што служел во американската армија во војната во Авганистан од 2013-та до 2014-та година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


