
Португалскиот репрезентативец Жоао Марио со своите одлични игри на Европското првенство во Франција го привлече вниманието на големите европски клубови и по се изгледа дека ќе го напушти Спортинг Лисабон во овој летен преоден рок. Најзаинтересирани за неговите услуги се италијанскиот калчолигаш Интер и премиерлигашот Челси.
Медиумите на Апенините откриваат дека Интер е подготвен да плати 50 милиони евра за играчот за врска. Поточно, тој би бил откупен од Џинагсу Сунинг, а потоа ќе го позајми во Интер. Со тоа „нероаѕурите“ би го ’издриблале’ правилото за финансиски фер-плеј, со оглед дека газдата на кинескиот клуб сега е мнозински акционер во италијанскиот калчолигаш.
Од друга страна, и Челси, по барање на новиот менаџер Антонио Конте, сака да го има Жоао Марио во своите редови. Засега понудата на Челси изнесува 40 милиони фунти, но би можела и да се зголеми со оглед на интересот и на Интер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


