| четврток, 6 декември 2018 |

Приведни 24 лица осомничени за продажба на хероин и марихуана

cavkov

Дваесет и четири лица се приведени рано утрото во полициската акција „Лотос“, при што е сузбиена криминална структура од подрачјето на Велес, чиј организатор освен што и самиот продавал хероин и марихуана, како и амфетамин на уживатели и дилери, воспоставил и мрежа на препродавачи низ повеќе градови во Македонија.

Како што информираше на денешната прес­конференција министерот за внатрешни работи Митко Чавков извршени се претреси на 24 локации и кај исто толку лица, од кои 11 на подрачјето на Велес, четири во Скопје, три во Свети Николе, две во Кочани и по еден претрес на подрачјата на Штип, Кавадарци, Гевгелија и Струга.

При претресите, посочи Чавков, се пронајдени и одземени околу 5.500 евра, околу 100 грама хероин, 160 грама смеса кофеин и парацетамол, ваги и паковки хероин и мрихуана спремни за продажба.

-Утврдено е дека 40­годишно лице од Велес кое се јавува како организатор од засега непознати лица набавувал хероин и марихуана, во својот дом ги препакувал во помали количини и по претходен телефонски договор ги продавал на дилери и уживатели на дроги на договорени средби во повеќе градови и тоа за цена од околу 1000 денари за грам хероин и 500 денари за паковка марихуана – појасни министерот Чавков. Првоосомничениот велешанец кон крајот на 2015 и почетокот на 2016 година организирал мрежа препродавачи и посредници, при што ангажирал уште три лица, сите од Велес да вршат продажба на хеорин и марихуана, со цел стекнување противправна имотна корист. ­

-Лицата по добиените инструкции и по извршената продажба на дрогата дел од заработувачката ја задржувале за себе, а поголемиот дел му ја носеле на провоосомничениот во неговиот дом- рече Чавков.

Тој посочи дека во претходниот период се реализирани уште два случајана недозволена трговија со наркотични дроги, во кои се запленети околу 30 килограми марихуана, 40 паковки хероин и уште 7 паковки марихуана. Поднесени се 14 кривични пријави против 20 лица кај кои е пронајдена помала количина наркотична дрога, одземени се четири автомобили и два мотора, а од воспоставување на акцијата „Мрежа“ до денес, изречени се прекршочни санкции во висина од 14 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top