| четврток, 6 декември 2018 |

Папуџиева: Имаме огромен интерес за ракометната академија од цела Македонија

maja papudzieva

Грижата за младите категории е приоритет за секој клуб кој посакува што повеќе млади да се занимаваат со спорт. Во Вардар веќе трета година функционира ракометната академија, а втора ќе биде постоењето на Вардар јуниор лигата каде учествуваат дечиња од целата Македонија. Проектот кој обедини над 1200 дечиња во академијата, и околу 600 во јуниор лигата ќе продолжи и в година.

Марија Папуџиева е новиот координатор на Ракометната академија и Вардар јуниор лигата. Поранешната ракометарка и репрезентативка на Македонија сега е со нова мисија, да учествува во едуцирањето на што поголем број на деца кои треба подготвени да го дочекаат преминот во младинските категории.

Таа во интервјуто за Вардар ТВ зборува на темата Ракометна Академија и Вардар јуниор лигата.

Вардар ТВ: Сега се подготвувате, а од есен ќе започне Вардар јуниор лигата и Академијата со активностите. А се почна пред две години?

Папуџиева: Пред две години почнавме со Ракометната Академија на Вардар, а со Вардар јуниор лигата една година, што значи сега ќе биде втора сезона. Многу сме задоволни од досегашниот тек на лигата, односно нас ни е важно децата да бидат задоволни. Продолжуваме со тој проект и се надеваме дека годинава ќе бидеме уште подобри.

Вардар ТВ: Децата покажаа дека се импресионирани од она што досега го направивте. Какви се нивните реакции за целиот овој проект по завршување на Вардар јуниор лигата?

Папуџиева: Едноставно, пресреќни и презадоволни. Импресиите се одлични , односно со самото тоа што имаат можност да напредуваат и да бидат дел од пионерските тимови, кадетски или било која друга екипа на Вардар.

Целото интервју на Папуџиева за Вардар ТВ може да се погледне во видеото што следи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top