| четврток, 6 декември 2018 |

Слушнете го новиот дует: Елена Ристеска сними песна со Хари Мата Хари

„Још ме плашиш својом лепотом“ е насловот на дуетската песна на Хари Варешановиќ и една од нашите најголеми поп-ѕвезди, Елена Ристеска.

Како автор на песната се потпишува Хари и Ален Лемешевиќ, додека за аранжманот беше задолжен Дарко Димитров.

Оваа песна се наоѓа на најновиот албум на Хари кој носи наслов „Килим“, а покрај соработката со Елена, Хари Мата Хари пред неколку дена го промовираше и дуетот со срспската ѕвезда Јелена Томашевиќ.

Веќе се во тек подготовките за снимањето на видеспотот за заедничката нумера на Хари и Елена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top