На истото место каде што пред две години се венчаа Џорџ и Амал Клуни, годинава повторно ќе се случува свадбен спектакл. Своите брачни заклетви утре во луксузниот хотел „Аман канал гранде“ во Венеција, Италија, ќе ги изговорат српската тенисеркa Ана Ивановиќ и германскиот репрезентативец Бастијан Швајнштајгер.
Ана заедно со родителите од Мајорка, Шпанија, пристигнала во италијанскиот град, а до крајот на денот ќе пристигнат и сватовите за да бидат одморени за утрешната свадбена церемонија.
Како што дознава српски „Ало!“, Ана и Бастијан резервирале луксузен апартман, а во него ќе ја поминат и првата брачна ноќ. Идните младенци се сместени во хотелот кадешто ќе се венчаат, додека гостите се распоредени по околните хотели. До местото на венчавката, гостите ќе бидат превезувани со гондоли, бидејќи хотелот од сите страни е опкружен со вода.
– Ана и Бастијан ќе се венчаат во прекрасниот двор на луксузниот хотел од кој се пружа поглед на лагуната, после што гостите ќе се преместат во салата на хотелот, во која собира 150 луѓе. Хотелот има сопствени гондоли во кои гостите ќе пристигнат до местото на венчавката, додека приватното пристаниште на хотелот обезбедува младенците да не ги фотографираат новинарите. Организаторите на венчавката пристигнале од Лондон уште во текот на викендо и со денови работат на уредување на ентериерот, балконите и пагодите, под кои спортската двојка ќе се венча под ведро небо. По протоколот кој невестата го барала нејзе до олтарот би требало да ја однесе татко ѝ, а Ана планира да го промени презимето – изјавил извор близок на тенисерката за „Ало!“.
Како што наведува германски „Билд“ младенците денеска ќе организираат граѓанска венчавка, додека пред Господ, на вечна верност и љубов ќе се заветат ден подоцна, а медиумите шпекулираат дека спортската венчавка на година ќе чини милион евра.
По венчавката, младенците ќе останат неколку дена во Венеција со неколку пријатели, а потоа ќе одат во својот нов дом во Англија. Вилата која Бастијан ја пазарел се наоѓа во златниот триаголник на Чешир, кадешто живеат најголемите ѕвезди на џет-сетот.
Како што пишуваат странските медиуми, меѓу славните гости на венчавката ќе се најдат претседателот на Баерн Минхен Ули Хенес, тренерот Јоаким Лев, фудбалерот Томас Милер, како и славните тенисери Анџелика Кербер и Енди Мареј. Некои медиуми шпекулираат дека Мареј, поради обврските по победата на Вимблдон, можеби нема да биде во можност да присуствува на венчавката.
Имено, Ана и Бастијан се во врска од 2014 година, откако фудбалерот раскина со неговата долгогодишна девојка, моделот Сара Бранднер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.