На преминот Богородица-Евзони, за празниците поминале повеќе од 10 000 луѓе. Од вкупно 10. 901 патник евидентирани од граничната полиција, 5.610 биле македонски државјани. 3.861 заминале за празниците во Грција, а преостанатите по еднодневниот престој се вратиле дома. Од останатите 5.291 патник, 3.149 биле странски државјани, главно, српски и грчки туристи, кои излегле од земјата, а влегле 2.142 странци, од кои најголемиот број биле Грци.
Дополнително се очекува денеска оваа бројка да се зголеми поради велигденските празници.
Од општина Гевгелија, пак, информираат дека и вчера, на 2-ри мај, по 200 до 300 автомобили, најчесто со македонска и српска регистарска табличка, чекале за да влезат во соседна Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Тензии на граница, мигранти од БиХ насилно се обиделе да влезат во Хрватска
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


