Гинеколог од Минхен на една брачна двојка ќе мора да им исплати отштета од 90.000 евра, поради тоа што жената забременила и родила близнаци, а тие тоа не го сакале.
Извори наведуваат дека сопружниците веќе имале две деца, пристојна плата и стан на поткровје, но не сакале повеќе деца. Жената отишла кај гинекологот и тој и предложил вградување спирала која ги отпушта хормоните. Го прифатиле тоа и зафатот е извршен.
Сепак, неколку месеци подоцна, откако жената почувствувала мачнини, повторно го посетила гинекологот, а тој ја известил дека не само што е бремена, туку носи близнаци.
Абортусот и давањето на децата на посвојување, како опции веднаш се отфрлени, и родителите со радост ја дочекале веста за приновата. Сепак, тие решиле да го тужат гинекологот, тврдејќи дека близнците не се вклопуваат во нивните животни планови, поради финансиите и други фактори.
Вештите лица во текот на судскиот процес утврдиле дека грешката не е во „спиралата“, па следствено, вината е во докторот, и така тој мора да го плати надоместокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.