Капитенот на македонскиот шампион Вардар, Бобан Грнчаров, верува во успех на утрешниот прв натпревар против Динамо Загреб на арената „Филип Втори“ (20.45 часот), во рамките на квалификациите за Лигата на шампионите. Тој смета дека секој друг резултат освен триумф би бил неуспех за „црвено-црните“ во пресрет на реваншот во Загреб.
– Нашиот стручен штаб направи одлична анализа на противникот во изминатите денови. Играме против квалитетна екипа, а утрешниот натпревар ќе биде многу важен. Сакаме победа, и секој друг резултат ќе биде голем неуспех за нас. Динамо Загреб има фантастичен напад, и ќе мора да бидеме многу внимателни во текот на сите 90 минути. Тие се фаворити, но само на хартија, а наше е да покажеме дека на теренот не постојат фаворити – истакна Бобан Грнчаров на денешната прес–конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.