Пепе играше одлично во дресот на Португалија на овој европски шампионат, но најдобрата партија, дефинитивно, ја сочува за финалето. Дефанзивецот беше фантастичен во текот на 120 минути во Париз, па на крајот апсолутно заслужено се закити и со признанието најкорисен играч на финалниот натпревар.
Интересен е податокот дека искусниот одбранбен фудбалер, кој важи за еден од најгрубите играчи во Европа, во големото финале не направи ниту еден единствен прекршок. Тој имаше 11 успешни расчистувања на опасноста, трипати ги блокираше шутевите на француските фудбалери, забележи и две пресечени топки, како и еден успешен лизгачки старт.
Видеото што следи доволно покажува колку исцрпувачки натпревар одигра Пепе, кој по последниот свиреж на судијата не славеше со своите соиграчи додека не се соземе.
Покрај Пепе, уште еден Португалец доби големо признание. Новиот играч на Баерн Минхен 18-годишниот Ренато Санчез е е прогласен за најдобар млад играч на првенството пред Французинот Коман и соиграчот Рафаел Гереиро.
Воедно Санчез е и најмладиот играч во историјата на Европските првенства што го освоил шампионатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)