| четврток, 6 декември 2018 |

Французите подготвиле автобус за победничка парада

Поговроката „Рибата во море, тавата на огон“ очигледно не е популарна во Франција, бидејќи како што се гледа на фотографијата, неколку часови пред почетокот на финалето со Португалија, го подготвиле двокатниот автобус за победничка парада.

Синиот двокатен автобус со благодарност за „Сините“ (Les Bleus) што по 16 години ја вратиле титулата, бил забележан и снимен на пат кон Париз денеска попладне и се разбира веднаш се раширила веста на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top