Манекенката Радица Лелова, сега Докузовска наскоро ќе стане мајка. Таа и нејзиниот сопруг Коста чекаат син.
– Покрај тоа што и двајцата се согласни името да звучи уникатно и современо, не е исклучена можноста бебето да се крсти по некои од родителите на сопругот Коста – велат за „Вечер“ извори блиски на двојката.
Една од најубавите моделки од модната агенција „Црнокрак“, Радица се омажи овој февруари по само неколку месеци забавување со Коста.
Таа претходно беше во врска со македонскиот кошаркарски репрезентативец Војдан Стојановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



