Фудбалската репрезентација на Португалија е нов европски првак, откако во големото финале на „Стад д’ Франс“ по продолженија ја совлада домашната селекција на Франција со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Едер во 109.минута од натпреварот.
Иако одиграа под очекувањата на ова европско првенство со дури шест нерешени средби и само една победа онаа во полуфиналето против Велс, Кристијано Роналдо и другарите кои иако важеа за фаворити од сенка на овој шампионат заслужено го кренаа победничкиот пехар и ја исправија историската неправда од 2004 година кога на домашен терен не успеаја да станат европски прваци.
„Галските петли“ имаа повеќе од играта во текот на целиот меч, ја имаа иницијативата играа цврсто во средината на теренот и ја контролираа топката. Сепак Португалците имаа одлична одбрана на чело со голманот Руи Патрисио кој можеби го имаше и натпреварот на кариерата спречувајќи неколку 100 процентни шанси за гол на Французите.
И без повредениот Кристијано Роналдо, кој го напушти теренот по само 25 минути, селекторот Фернандо Сантош умешно ја водеше својата репрезентација и ја одведе до највисоките европски височини.
Ако Французите беа подобри во првите 90 минути, тогаш Португалија го зададе конечниот удар во продолженијата. Во 108.минута, Рафаел Гереиро од слободен удар ја погоди гредата од голот на Лорис, а тоа како да беше најава за водството на Португалците.
Напаѓачот Едер, кој влезе во игра во 79.минута на местото на Ренато Санчез, доби топка во противничкото поле, сам се избори за шанса, шутираше од 25 метри и ја погоди мрежата на Франција. Во 109.минута, Португалија поведе и дојде на прагот на европскиот трофеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)