| четврток, 6 декември 2018 |

Финалето без победник, натпреварот оди во продолженија

francija

Финалниот меч на ЕВРО 2016 меѓу домаќинот Франција и селекцијата на Португалија ќе се решава по продолженија, а можеби по изведување пенали. По регуларните 90 минути, средбата заврши без голови. Ова е прво финале на ЕП по 2000 година, кое не е решено во регуларниот тек од мечот, а тогаш Давид Трезеге со „златен гол“ им донесе триумф (2-1) на Французите против Италија.

Првата можност на финалето ја имаше Антоан Гризман, откако со удар со глава се обиде да го изненади Руи Патрицио. Потоа дојде шокантната повреда на Кристијано Роналдо, по која мораше да го напушти финалниот дуел по само 25 минути игра. Лекарите се обидоа да го оспособат, но безуспешно, а на негово место во игра влезе Кварезма.

Во вториот дел, Дешамп го повлече од игра Паје, му даде шанса на Даниел Коман, а тој ги креираше двете следни шанси за Французите. Прво центрираше за Гризман, кој со глава шутираше за малку над гредата, а потоа го проигра и Оливие Жиру, чиј удар го одбрани Руи Патрицио.

По ова се закани и Муса Сисоко со удар од далечина, но голманот на Португалија повторно беше на вистинското место.

Во судиското продолжение, Евра го проигра Жињак во шеснаесетникот, тој се ослободи од Пепе, шутираше, но го погоди само дирекот од голот на Португалија. Тоа беше и последната шанса за Французите во регуларниот тек од натпреварот.

Двете репрезентации имаа свои шанси кои не ги искористија. Домаќините беа подобри во регуларниот дел, а јунак за Португалците е голманот Руи Патрисио кој успеа да скроти неколку шанси на противникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top