| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата употреби гас во протестите „Животите на црнците се важни“ во Сент Пол (видео)

Во саботата навечер, стотици лица протестираа за смртта на Филандо Кастл и Алтон Стерл кои беа убиени од полицајци во текот на минатата недела. Демонстрантите се собраа пред продавницата каде што биле убиени црнците, а потоа продолжиле до полициската станица и до општината. Марширале по „Интерстејт 94“ (Interstate 94), затворајќи ја за сообраќај најмалку пет часа.

Cm-JGRCVIAAERAQ

Полицијата на „Твитер“ рече дека демонстрантите фрлале со камења, шишиња, петарди и цигли од што најмалку двајца полицајци се повредени, а Градоначалникот на Сент Пол го осуди насилството, а шефот на полицијата гаѓањето на полицајците со разни предмети го нарече „срамно“.

Илјадници луѓе протестираа во текот на викендов во неколку американски држави поради минатонеделните убиства на 32-годишниот Филанд Кастолјо во предградието на Сент Пол и 37-годишниот Алтон Стерлинг во Батон Руж во Луизиана.
Црниот воен ветеран потоа во Далас со снајпер уби и рани седум полицајци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top