Британскиот тенисер Енди Мареј е победник на годинашното издание на неофицијалното светско првенство во тенис, третиот гренслем во сезоната, Вимблдон.
Тој во денешното големо финале го совлада Милош Раонич со 3-0 во сетови. Тоа е втора титула на Мареј на престижниот турнир во Лондон, а трет гранслем трофеј во кариерата.
Мареј го освои првиот сет со 6-4, а во следните два сета се играше тај-брејк. Но, Раонич потклекнуваше во најважните моменти, и му дозволи на Мареј да слави двапати со триумф во 13.гем.
Вториот сет Британецот го доби со 7-6, на поени со 7-3, а беше многу концентриран и во тај-брејкот од третиот сет, добивајќи го на поени со 7-2. Мареј играше одлично и му дозволи на Милош Раонич само две брејк – топки во текот на мечот, кои ривалот не успеа да ги искористи.
Ова е само трет гренслем за Британецот во кариерата. По пауза од три години повторно го освојува Вимблдон, а во 2012 година славеше на отвореното првенство на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.