Кошаркарската репрезентација на Франција се пласира на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро, откако го освои првото место на квалификацискиот турнир на Филипините. Во финалниот меч, Тони Паркер и друштвото ја совладаа селекцијата на Канада со 83-74, што беше повеќе од доволно за убедлив пласман на олимпискиот турнир.
Канаѓаните имаа сили за отпор три четвртини, но потоа работите во свои раце ги презеде Тони Паркер, кој постигна вкупно 26 поени, а повеќе од половината во последната решавачка четвртина.
Првиот период беше исполнет со огромен број поени, а Франција го доби со 30-25. Но, потоа и двете селекции заиграа многу поцврста одбрана, па „триколорите“ на одмор заминаа со три поени предност (39-36). Во решавачките десет минути Франција влезе со позитива од пет поени, а Паркер не дозволи во ниту еден момент Канада да се доближи и да направи пресврт. Во селекцијата на Канада најдобар стрелецбеше Кори Џозеф со 20 постигнати поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.