| четврток, 6 декември 2018 |

Во Истанбул ќе се гради најголемиот аеродром во светот (Видео)

Конзорциум од пет турски компании победи на тендер за изградба и управување со трет аеродром во Истанбул што ќе биде меѓу најголемите во светот.

Партнерство предложија градежните компании Лимак, Колин, Ченгиз, Мапа и Кајлон и победија на тендер на кој предложиле 22,1 милијарда евра за 25-годишна концесија.

Изградбата на аеродромот со шест писти и четири терминали, ќе чини седум милијарди вера.

Владата тврди дека аеродромот ќе може да опслужу околу 150 милиони патници годишно и ќе го направи 15-милиониот Истанбул важен регионален центар. Според телевизијата НТВ аеродромот ќе биде со димензии колку 800 фудбалски игралишта. Сегашниот најголем аеродром Ататурк, годишно опслужува 45 милиони патници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top