Големото финале на Европското првенство меѓу Франција и Португалија е закажано за оваа вечер од 21:00 часот, пресметка која секако ќе предизвика посебни страсти и емоции во Париз, но и во Лисабон од каде интересно пристигна и најоригиналната порака до Кристијано Роналдо и останатите репрезентативци предводени од селекторот Сантош.
Неколку стотини португалски вљубеници во фудбалот изрежираа една прекрасна сцена на плажата во Лисабон, од каде испратија оригинална и уникатна порака до своите миленици во пресрет на големиот натпревар кој се игра вечерва.
Користејќи ги своите тела, иновативните фанови од Лисабон им ја испратија следната порака на репрезентативците пред нивниот најважен настап кога е во прашање репрезентативната кариера.
– Напред Португалија (Форца Португал), – гласи пораката која експресно стана хит на интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)