| четврток, 6 декември 2018 |

Очајни постапки на СДСМ, наместо решавање на проблеми се занимава со провокации

Опозицискиот СДСМ нема идеи како да ги реши проблемите, па се занимава со провокации. Денеска Никола Груевски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ беше во посета на Крушево и општината Кривогаштани, а опозициски активисти се обидоа да исценираат инцидент и да извадат транспарент со политичка порака.

krusevo-2-640x360

Овие ситни провокации очигледно се најкреативното нешто што може да го понуди опозицијата. Јасно е дека немаат ниту „п“ од програма. Овие провокации не поминуваат кај народот и тоа се покажа и во Крушево.

krusevo-3

Додека Груевски  е на терен со интензивна агенда помеѓу жителите на селата од општина Кривогаштани и помеѓу крушевчани за да ги слушне нивните потреби и помогне во решавање опозициската СДСМ се занимава со провокации во недостиг на конкретни идеи и проекти од кои корист ќе имаат граѓаните.

krusevo-6-640x853

За срамот на СДСМ да биде уште поголем, додека стотици граѓани од Крушево го пречекаа со овации Груевски, опозициската партија мораше со луѓе пратени со автомобили од Скопје да прави приземни провокации и да задолжи опозициски активисти, не повеќе од двајца на број сето тоа да го снимаат, а подоцна со задача тоа да го прикажат како наводно незадоволство на граѓаните, отворено манипулирајќи и лажејќи ја јавноста.

krusevo-5-640x362

krusevo-4-640x360

На ваквите провокации реагираа граѓаните на Крушево, кои го тргнаа транспарентот и покажаа дека не се сложуваат со ваквите ниски обиди на опозицијата која наместо да ги сослуша граѓаните за нивните потреби, како што денеска тоа го прави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, таа со ваквите неуспешни герила акции дополнително го нарушува и така катастрофалниот рејтинг. Со ваквите постапки не само што го спушта нивото на политичка комуникација, туку и го потврдува очајот и фијаското на нивните политики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top