| четврток, 6 декември 2018 |

Убиство во САД: Загинаа две лица и едно момче

Во пукање во американската држава Калифорнија убиени се три лица, меѓу кои и едно дете, пренесуваат американските медиуми.

Пукањето се случило во градот Сан Бернардино, пред една продавница за пијалок, соопшти полицијата и додаде дека меѓу убиените се едно деветгодишно дете и неговиот татко.

Напаѓачот ги чекал жртвите пред продавницата и кога излегле им се приближил од зад грб и од непосредна близина испукал неколку куршуми.

Уште се испитува мотивот за нападот, но еден од убиените неодамна е пуштен условно на слободна, па се верува дека тој бил главната мета.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top