| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен првиот трејлер од филмот за убиството на петтемина струмички студенти во 1951


Официјалниот трејлер на македонскиот филм „Златна петорка“чиј режисер е Горан Тренчовски ја раскажува приказната за петмината струмички студенти убиени во 1951 година.

Дел од актерската екипа се: Славко Штимац, Влатко Илиевски, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Јана Стојановска, Петар Арсовски, Васил Михаил и Ненад Милосављевиќ. Сценариото е на Елеонора Венинова и Билјана Гарванлиева, додека за продукцијата е одговорен Дејан Милошевски. Директор на фотографија е Апостол Трпески, сценограв Кирил Спасески, корстимографијата е на Нела Тодоровска, а шминката на Ирена Сенокозлиоска. Тонот е на Дарко Спасовски-Пацки, додека монтажата на Андрија Зафрановиќ.

Струмичката премиера е планирана за 13 август, денот на убиството на петмината студенти.

Грозоморниот настан кога се убиени петте струмички студенти се случил на 13 август 1951.

– Беа убиени со вразни раце, со по еден куршум во глава, а само Белев имаше три куршуми. Убиството било планирано, бидејќи на семејствата уште утрото им кажале да ги подготвуваат ковчезите, а тие биле застрелани попладнето, во вечерните часови, пред да бидат набрзина погребани… Ова е вистинското место на македонските дејци кои во Македонија се бореле, се борат, можебии во иднина ќе се борат… Таа вистина за петте струмички студенти подобро е да ја кажат институциите, а ние како политички следбеници на таа идеологија доволно ја познаваме имаме факти и аргументи сето тоа да го потврдиме, зборуваше во својата пригодна реч Никола Андонов, претседател на Здружението на политичките затвореници во 2011-та година по повод денот на убиството на студентите.

Младинците,  чија кауза била самостојна и слободна Македонија, биле стрелани кај селото Орманли на планината Беласица, дваесетина километри од Струмица. Образложението на тогашната локална власт било дека студентите работеле против комунистичкиот режим и дека илегално се обиделе да ја преминат границата и да пребегаат во Грција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top