| четврток, 6 декември 2018 |

Пандели Мајко сака да е Косовар

Поранешниот албански премиер, социјалистот Падели Мајко, на денешната средба во Приштина, од косовскиот премиер Хашим Тачи побарал отпочнување процерува за добивање косовско државанство.

– Денеска имав посебни емоции повторувајќи му на мојот пријател и премиер на државата Косово, да ми даде почит и задоволство набрзо да почнам процедура за добивање косовско државјанство. Многу граѓани на Косово сакаат да бидат и државјани на Албанија, но не заборавајте дека од друга страна, како што сум јас, оваа страна ја сметаат за нивна татковина, нивен народ – изјавил Мајко.

Мајко, за кого Македонците од Албанија тврдат дека влече корени од Прилеп, недоамна во изјава за весникот Шекули тврдеше дека потеклото му е од Германија. Инаку, во изјвата по средбата Тачи, потсетил на пријателството со Мајко од 1998/99 за време на косовската војна, кога Мајко беше албански премиер.

Тие , според Тачи денска разговарале околу последните случувања во Косово и регионот, можностите за унапредување на соработката меѓу Албанија и Косово, но и за европските стандарди и вредности.

– Мојот драг пријател Мајко го запознав и со договорот потпишан меѓу Косово и Србија за нормализирање на односите меѓу двете држави и народи, како договор со кој Косово победува, но исто тка кој рефлектира за доброто и на Србија и за европеизација на целиот регион, договор кој имаше целосна подршка од албанската држава, владата и целокупната албанска политика, изјавил Тачи, заблагодарувајќи и се на политика на Тирана за многу коректниот и одлучен став во прилог на регоналниот мир, стабилност и соработка. Според Тачи во имплементацијата на договоорт ќе бидат вклучени институциите на Косово, НАТО, Еулекс, со целосна подршка на ЕУ, САД но и ОБСЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top