| четврток, 6 декември 2018 |

Голема антитерористичка акција на МВР: Продолжува операцијата „Ќелија“

mvr isis

Продолжува операцијата „Ќелија“ против лица кои биле дел од синџирот на Исламска држава. Врз основа на добиени наредби за претрес на дом од страна на судија на претходна постапка во врска со казненото дело терористичка организација од чл. 394 ст. 2 од КЗ, извршени се вкупно 7 претреси од кои 6 во Скопје  и 1во Тетово кај вкупно 6 лица.

За време на претресите 4 лица се обезбедени и тоа Буњамин Гаши, Фарук Изеир, Ергин Усеин ос Скопје и Мустафа Мемети од Тетово, 3 лица не се достапни, од кои за 2 лица Сефет Рамадани од Скопје и Сулејман Идризи од Куманово, постојат оперативни сознанија дека моментно се наоѓаат во Сирија а за лицето Бурхан Сефер од с. Арачиново постојат оперативни сознанија дека се наоѓа на територија на град Скопје.

Од извршените претреси досега пронајдени и одземени се компјутери, мобилни телефонски уреди, усб мемории, ЦД дискови, патни исправи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top