| четврток, 6 декември 2018 |

Кољо Дијамантот – човекот кој „има грчко и албанско срце православно“

Каде се...

koljo dijamantotСите го научивме Кољо Дијамантот, кога во 2007 година се појави на прославите на ДУИ на шестгодишнината од крајот на воените дејства во Радуша и на прославата на Рамковниот во Гостивар. Тогаш тој го фасцинираше домаќинот. Ресенчанецот Никола Кољо Константинидис Михајловски Дијамантот, тогаш оддржа говор најавен како гостин од Грција, се гушкаше со Али Ахмети и заедно со него ги испраќаше гостите. Беше претставен како човек што имал заслуги оти за канадска новинска агенција пишувал за албанската војна во 2001 година. Го најави Талат Џафери, претставувајќи го како грчки новинар. Многу почит за нашиот албански народ, рече тогаш и го бакна албанското знаме. „Република“ се запраша каде е сега човекот кој „има грчко и албанско срце православно“. Ресенчани велат дека моментално е во Казнено поправната институција Идризово. Бил осуден за педофилија на девет години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top