| четврток, 6 декември 2018 |

Талат Џафери се поклони пред споменикот на борците на УЧК во Слупчане: Мора да ги исполниме идеалите за кои ги дадоа животите

Министерот за одбрана Талат Џафери се поклони на споменикот на паднатите борци на УЧК во Слупчане.

Поранешните припадници на УЧК вчера одбележуваа 12 години од почетокот на воениот конфликт во кумановскиот регион меѓу албанските терористи и припадниците на македонските безбедносни сили.

На настанот присуствуваше и министерот за одбрана Талат Џафери, кој се поклони на споменикот на убиените албански борци и го посети музејот на УЧК.

slupcane

Според организаторите на настанот, присуството на министерот за одбрана, „покажало колку подобра позиција имале денес Албанците во Македонија“.

–      Сите ние кои денес вршиме јавни функции, 12 години по 2001 година, во секој момент ги имаме во мислите овие синови и ќерки на нацијата. Во секој момент не потсетуваат дека нашиот пат мора прецизно да ги исполни идеалите за тие ги дадоа животите, рекол Џафери.

На прославата, присуствуваа и други министри од редовите на ДУИ, како и членови на парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top