| четврток, 6 декември 2018 |

Аболираниот Заев го легализира криминалот во Струмица – јавноста очекува реакција на институциите

Што се крие зад легализирањето потпишано од  Заев во најновата афера? Имајќи предвид на кој начин функционира струмичката администрација и особено нејзиниот градоначалник, инаку и лидер на македонската опозиција, Зоран Заев, веројатно легализацијата на хотелскиот комплекс „Цареви кули“ се крие многу поголем скандал и криминал со кој би требало да се занимаваат сите релевантни институции во државата.

Без задршка со овој случај треба да се занимава и самата опозиција чиј што лидер е, особено ако се има предвид дека не само што и наштети политички и на партијата и на државата, туку и бесрамно ја злоупотребува за да ги сокрие своите криминални делувања.

Ако Заев, чија што кариера по црпнувањето му започна со случајот „Глобал“ вреден осум милиони евра, за на крај да го употреби законот за легализација на дивоградбите и така таа повеќекатница изградена на диво на просторот на струмичкото пазариште, што го спречува истиот закон и принцип на работа да не го повтори? Ако за „Глобал“ аболицијата од Бранко Црвенковски го направи недопирлив за државните органите, за другите дела се затскрива зад партиската функција, играјќи на каратата дека за секоја инспекција или истрага се крие „политички мотивиран случај“. Притоа, не смее да се изземе најголемиот случај против него, случајот „Пуч“. Ако за случајот Превоз на учениците, во општинската влегоа финансиската полиција и други истражни органи, тогаш за овој случај претпоставуваме дека истрага треба да се спроведе не само за Заев, туку и за сите засегнати страни кои се наведени во документите до кои дојде и ги објави Република .
akt201-zaev-carevi-kuli-021-520x778
akt201-zaev-carevi-kuli-020-520x771
akt201-zaev-carevi-kuli-019-520x759
Заев, кого целата јавност се уште има прилика на социјалните мрежи да го види како во стилот на сицилијанските мафијаши со цигара во рака бара од приватен бизнисмен по едно евро за него и едно за црквата за да му овозможи преку општинската администрација откуп на земјиштето; и во кое видео самиот преку примери кажува дека тоа е принципот на неговата градоначалничка работа; може да се претпостави дека и во овој случај е употребена таа практика. Секако, доколку се изземат струмичките чаршиски муабети дека всушност целиот тој имот е токму на Заев.


Да потсетиме, Република дојде до докази дека цел хотелски комплекс кој е легализиран со потпис на градоначалникот Зоран Заев наводно согласно законот за легализација на дивоградбите, всушност не го исполнува главниот услов – не бил изграден до законската рамка која јасно е нагласена – месец  март 2011 година.

Тоа го покажуваат и сателитските снимки до кои дојде Република, а на кои во таа 2011 година на земјиштето не постои ниту цигла од хотелскиот комплекс легализиран во 2013 година. Згора на тоа, сомнеж врз целиот случај фрла и изградбата на новиот пат, а кој случајно води до комплексот, направен од општината непосредно пред неговото „свечено отворање“.
akt201-zaev-carevi-kuli-018

akt201-zaev-carevi-kuli-017

vpisanite objekti 2

Легализираните објекти кои не постојат во 2011 година се обележани со бројките 1, 2 и 3

Во целиот случај и целата документација која „Република“ ја доби на увид е и фактот дека сопственикот на сега легализираниот хотелски комплекс, чија што вредност веројатно ги надминува сите „скромни проценки“, не е непознато лице за струмичката администрација. Имено, сопственик на комплексот е лице со иста адреса како и компанијата која често се сретнува на тендерските документи на општината Струмица и нејзините јавни претпријатија.

 

Целата приказна крие многу интересни моменти. Еден од нив е како изградбата на цел еден хотелски комплекс на државно земјиште, поточно пасиште со големина од скоро еден милион квадратни метри е „превидено“ од струмичките служби? Второ, и самиот Заев, како вели за себе „Вљубеник во природата и околните ридови“ низ кои се вози со своите скапи играчки на четири тркала, не ја забележал изградбата на овој објект, особено што буквално ништо во Струмица не смее „да мрдне“ без тој да знае и/или има удел во работата?

zaev_sin_mulinja-730x480

Третата работа е како гордиот сопственик на хотелскиот комплекс се стекнува со толкав имот, имајќи не само предвид колку би чинело изградба на ваков објект, туку и колку дела за легализација има на негово име во 2013 година?

imoten carevi 1imoten carevi 2

imoten 2imoten strumicapopcevo von

Истиот сопственик, притоа е заинтересиран и откупува огромни парцели шума на истиот рид над Струмица. Имајќи предвид дека пасиштето, како стои во катастарските документи на кое е изграден хотелскиот комплекс, можно ли е наскоро да следува „акција“ за откуп на оваа парцела со големина безмалку колку половина град Струмица?

akt201-zaev-carevi-kuli-013

Катастарската парцела каде е изграден хотелскиот комплекс

crni linii

На крајот, зошто сопственикот на хотелскиот комплекс, оваа година целиот недвижен имот го префрлува на сопругата во вид на подарок? Последниот „хируршки“ зафат, според познавачите на струмичките состојби, води само кон едно- криење на трагот на имотот, за да имотот конечно дојде кај вистинскиот сопственик- некој од кланот Заеви. И повторно да потсетиме на „Јавната тајна“ во Струмица- дека зад хотелскиот комплекс стои името токму на градоначалникот Зоран Заев.

akt201-zaev-carevi-kuli-002

Испумпувањето на јавни пари од општината кои се прелеваат во буџетот на партиските војници и блиски соработници на Заев не е ниту тајна ниту новина, но тоа што државата и институциите треба да го сторат е да покажат дека ниедна партиска функција, било да е и лидер на опозиција и градоначалник, не може да покрие незаконско работење. Ниту за него ниту за неговите блиски, било да се работи за крадење на струја, за употреба на пестициди врз земјоделски производи за извоз, митото кои завршувало кај роднините…

TTS-Global-Strumitsa-Zaev

Ако Заев кој за себе вели дека е црпнат додека работел на нива, за потоа со неговиот клан да создаде империја од 14-тина компании со околу 800 вработени вкупно, и со приходи од неколку десетици милиони евра; за „Глобал“ е помилуван, за митото од видео-снимката се сокри зад здолништето на Катица Јанева, за „Пуч“ вели дека е политички мотивиран случај, за случаите како оној со превозот и фирмата „Тритерол“ и овој, најново откриен скандал со злоупотребата на законот за легализација на дивоградбите не смее да се премижи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top