| четврток, 6 декември 2018 |

Двокатниот панорамски автобус ги прошета првите туристи низ Охрид

Од денеска охриѓани и туристите во Охрид ќе имаат можност да го разгледуваат градот во двокатен панорамски автобус. Автобусот е подарок од министерството за транспорт за општина Охрид. Првата панорамска прошетка беше изведена од Охрид до Славнија, а меѓу првите патници беше и градоначалникот Никола Бакрачески.

–    Она што требало да биде реализирано години наназад, денеска конечно имаме можност да го реализираме и да ја збогатиме туристичката понуда на градот. Со овој современ автобус  на сите туристи ќе им овозможиме да имаат можност за панорамско разгледување на градот, за првпат во историјата на Охрид, изјави Бакрачески.

O O

 

фото Охрид њуз

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top