Менувачот на трактор со кој во смрт заминаа две лица, а 16 деца беа повредени, бил во трета брзина, а не во лер, како што првично се шпекулираше, соопшти за Канал 5 истражен судија.
Ова било утврдено со вештачењето на тракторот и е спротивно на сведочењето на очевидци кои тврдеа дека во миговите пред да излета, возилото било во слободен од.
Според судијата, една од причините за несреќата била и неприлагодената брзина на патот.
Се уште се чека да се соопштат резултатите од обдукцијата на возачот на тракторот, 63 годишниот Миле Давитковски од кои треба да се дознае дали бил под дејство на алкохол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


