| четврток, 6 декември 2018 |

Отишол на помош, заглавил во затвор за дрога

Мојот сопруг невин лежи во затвор во Тирана под сомнение дека е вмешан во трговија со дрога. Замина за Албанија да му помогне на пријател, а заглави со 800 килограми марихуана пронајдени во камионот што тој го возеше. Од чесен возач го направија трговец со дрога. Ова за весникот Дневник го тврди Анета Мучова, сопруга на Панде Мучов, кој во почетокот на март беше уапсен во Драч кога полицијата во камионот што тој го управувал пронашла 835 килограми марихуана.

vozac albanija

Во документите пишувало дека тој превезува зимница за Швајцарија. Планот било преку Драч да замине за Бари, Италија, а потоа да го продолжи патот до крајната дестинација. Сепак албанската полиција пред да се качи на траектот извршила проверка во камионот. По проверката утврдила дека освен зимницата, во товарното возило има и 463 пластични туби, 33 големи пакети и 72 мали пакети, сите полни со дрога.

– Му се случи она од што стравува секој превозник, да биде измамен дека превезува едно, а полицијата да открие сосема друго – вели Мучова држејќи ги во рацете документите од сослушувањето на нејзиниот сопруг во Основниот суд за тешки кривични дела во Тирана.

Панде и пред полицијата и пред истражните органи тврдел дека не знае оти превезувал марихуана. Пред истражниот судија, според официјалните документи од судското испрашување, осомничениот Панде рекол: „Не знаев дека превезувам дрога. За тоа дознав по проверката што ја спроведе полицијата на пристаништето во Драч. Kамионот е сопственост на фирмата „Транс интернационал“ од Скопје.

Инаку полицијата утврдила дека царинската пломба не е оштетена, меѓутоа е оштетена челичната сајла, која поминувала по целата должина на приколката од камионот и која на крајот се спојува со царинската пломба е оштетена на една од страните. Мучов рекол дека не знае оти сајлата била скината на предниот дел, на делот кај приколката.

Истражниот судија му одредил притвор и покрај неговото негирање дека стои зад меѓународната трговија со дрога. По апсењето на Мучов се уапсени уште двајца македонски државјани, кои сега заедно чекаат да заврши истрагата. Според сопругата на Панде, еден од уапсените е и сопственикот на компанијата, кој е и газда на камионот, Саше Димитриевски. Панде Мучов и неговата сопруга се револтирани бидејќи сметаат дека се изиграни токму од сопственикот на транспортната фирма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top