Португалија најверојатно ќе биде комплетна за големото финале в недела против Франција откако Пепе почна се појави на денешниот тренинг на својата репрезентација.
Искусниот дефанзивец воопшто не тренираше во изминатите денови и не настапи на дуелот со Велс, на кој неговото место го зазеде Бруно Алвеш. Сепак, тој денеска почна да тренира индивидуално и од утре би требало да почне да работи со репрезентативните колеги, во обид да го убеди селекторот Сантош дека е максимално подготвен за настап во големото финале.
Јасно е дека присуството на Пепе би било од огромна помош за Португалците во обид да се запрат Французите, кои го имаат најефикасниот напад на овој шампионат, постигнувајќи 13 погодоци на шесте натпревари на ЕВРО 2016, од кои девет на трите средби во нокаут фазата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.