| четврток, 6 декември 2018 |

Почна подготовката на Програмата за економски реформи 2017­-2019 година

­

finansii

Клучни реформи во индустријата, внатрешниот пазар, образованието, транспортот, енергијата и животната средина, со кои ќе се подобри конкурентноста на македонската економија, содржи Програмата за економски реформи за периодот 2017 – 2019 година, за чијашто подготовка денеска се одржа состанок во Министерството за финансии. Со овој стратегиски документ поврзан со подготовката за членство на Македонија во Европската унија, соопшти ресорното Министерство, ќе бидат опфатени и мерки што се однесуваат на намалување на невработеноста, како мерки за усогласување на стручната подготовка со побарувачката на пазарот на труд.

finansii2

Програмата е заеднички резултат на повеќе институции, а целата подготовка се координира од страна на Министерството за финансии. Самата подготовка на оваа програма како кохерентен стратегиски документ претставува потврда за капацитетот на администрацијата од аспект на координација и ефикасност на работа. Имајќи предвид дека изработката на двете претходни изданија на Програмата беше оценета со добри оцени од страна на Европската комисија Министерството за финансии има намера да го задржи, но и подобри квалитетот на годинашниот документ, истакнал на состанокот министерот за финансии Кирил Миноски. Според Јарослав Левичек, шеф на секторот за економски прашања и азил при Делегацијата на ЕУ во Македонија, програмата е алатка за дијалог со Европската комисија. Таа, потенцирал, не е само барање на Европската унија туку и план за напредок на економијата, за побрза интеграција кон ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top